More

    Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами

    spot_img

    Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“.

    На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди.

    – Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата сè уште ми е малку жешка. Морам да одвојам ден-два, а потоа да видам што сакам да направам понатаму – изјави Ѓоковиќ веднаш по поразот од Италијанецот.

    Новак Ѓоковиќ е шесткратен шампион во Мајами, а тој турнир ќе се игра од 20 до 31 март.

    Сега за популарниот Ноле следуваат подготвки за земјена подлога, а прв на програмата треба да биде Монте Карло кој стартува на 7 април.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img