Компанијата „Спејс икс“ ја лансираше најмоќната вселенска ракета „Старшип“ (Starship) од космодромот во Тексас. Ова е трето лансирање на ракетата „Старшип“.
Големи надежи се полагаа во оваа мисија откако претходните два обида беа прекинати.
Лансирањето на најмоќната ракета на светот е клучно за плановите на НАСА да транспортира и да приземји астронаути на Месечината и подалеку, како и да ги исполни надежите на сопственикот на „Спејс икс“ Илон Маск за евентуална колонизација на Марс.
Според „Спејс икс“, овие летови сѐ уште се пробни и секогаш кога леталото ќе полета, тоа за нив е успех.