Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски е’ новото лице на политичката сцена од партијата ЗНАМ кој ќе биде адут на ЗНАМ на престојните парламентарни избори во 5-та изборна единица.
Др Александар Веслиевски нашироко е познат во здравствениот систем како во Македонија, така и надвор од границите.Станува збор за врвен професионалец , достапен за секој пациент. Др Александар Веслиевски вработен е во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид. Др Александар Веслиевски роден е во Охрид во 1970 година,завршил медицински факултет како првенец во својта генберација.Се усовршил во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ – Скопје во облата Анетезија во ортопедија и траума.
Др Веслиевски има издадено и научен труд „Специфичности на анестезиолошки постапки при големи оперативни интервенции на рбетниот столб“ –во Скопје (Ноември 2007).