More

    Објавена е временската прогноза за летните месеци

    spot_img

    „Врз основа на идентификуваниот синџир на настани, очекуваме услови поволни за невообичаено топло и суво лето низ јужна Европа оваа година“.

    Ова го тврди авторката на ново истражување кое ја предвидува временската прогноза во претстојното лето, д-р Марилена Олтманс од Националниот океанографски центар во Обединетото Кралство.

    Долгорочното временско прогнозирање е тешко, но истражувањето сугерира дека стапката на топење на ледената покривка на Гренланд може да го предвиди времето во Европа во претстојното лето.

    Голема количина стопена вода од глечерите се влева во Атлантикот поради топлата клима во Гренланд. Стопената вода е полесна од морската вода, па затоа се наоѓа на врвот на океанот, што ја намалува размената на топлина меѓу воздухот и морето. Ова води до посилен ветар околу регионот на стопената вода.

    Ветровите зиме произведуваат промена на курсот на Северноатлантската струја кон север, па ветровите во претстојното лето ќе ја следат насоката на струјата и ќе се насочат северно.

    Ова овозможува услови за формирање голема атмосферска циркулација што доведува до потопло и посуво време низ Европа, според истражувањето.

    Олтманс тврди дека слатките води од стопените глечери се фактор кој може да послужи за предвидување на времето во Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img