More

    По него лудуваат со децении, а еве што вели пејачот за тоа

    spot_img

    Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ со децении важи за еден од најпопуларните пејачи на нашите простори и со гордост ја носи титулата миленик на жените.

    Иако има 72 години, Чола сè уште е омилен меѓу понежниот пол, за што и самиот е свесен.

    – Така е тоа, едноставно се раѓаш таков и потоа никаде не можеш да избегаш од тоа. Жените се тие кои повеќе се врзуваат за мажите, за машките бендови, а ние пееме љубовни песни. Од друга страна, за женските вокали повеќе се врзуваат мажите. Сигурно е убаво и секако е ласкаво – рекол Чола за „ИН Магазин“.

    – Немам ништо против тоа што најголемиот дел од публиката е женска, иако има и многу машки обожаватели. Тоа со години е така, а како што стареам, се појавува и некоја машка почит – изјавил пејачот, пренесува „24сата.хр“.

    На денот на жената пееше во арената во Вараждин. Повеќе од три ипол часа не им беа доволни на неговите фанови. Сè беше во ритамот на поновите песни, но и евергрините на Чола од почетокот на неговата кариера.

    – Секогаш е убаво за Денот на жената бидејќи жените се среќни, се забавуваат, а и ние ги придружуваме. Практиката во последните години е да се одржуваат концерти – изјавил пејачот.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img