More

    Таткото на Вања: „Поделен сум на два света, едно дете ми зедоа, а другото ми е тука. Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“

    spot_img

    „Поделен сум на два света, едно дете ми зедоа, а другото ми е тука. Воопшто не ми е важно каде ќе ја дочекам конечната одлука, туку сакам само да има разрешница за да одлучам дали да останам на овој, или да одам на оној свет“, кажа Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска на денешната јавна седница пред Врховниот суд, а по жалбата што ја поднесе во врска со продолжениот притвор.

    Неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ во образложението зошто бара укинување на притворот за Ѓорчевски рече дека одлката на Апелацискиот суд Скопје е во спротивност со Европската конвенција за човекови права.

    – Скоро 4 месеци трае притворот, а нам не ни е дадена барем една индиција дека Обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело – рече адвокатот.

    Надлежната обвинителка од државното Јавно обвинителство кажа дека Апелацискиот суд донел јасно и недвосмислено решение за продолжување на притворот.

    – Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа сѐ уште постои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично делчо – грабнување. Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите пред судечкиолт судија“, изјави обвинителката Наталија Тасевска.

    Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.

    Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Тој е во екстрадиционен притвор во Турција.

    Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви.

    Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img