More

    Пресметка по килограм ќе добиваме дури од 2026 година

    spot_img

    Граѓаните и бизнисмените џабе се понадеваа дека со намалување на количината на отпадот што го создаваат ќе можат да заштедат бидејќи ќе плаќаат толку колку што создале отпад, а не според квадратурата на објектите. Новиот начин на пресметка на услугата за отпад која предвидува услугата покрај другото да се плаќа според количината, а не според квадратурата ќе почне да се применува од декември 2025 година. До тогаш Регулаторната комисија за енергетика која го има во своја надлежност и секторот „отпад“ треба да ја подготви методологијата за пресметка и да ги утврди основните цени.

    Од РКЕ велат дека се работи на методологијата, иако Собранието ја одложи примената од 2025 година.

    – Со изгласување на Законот за управување со отпад од стана на пратениците РКЕ се стекна со нова надлежност – управување со комунален отпад. Согласно предлог-измените на Законот за управување со отпад што е во собраниска процедура, новиот рок до кога треба да почне практичната примена на тарифите за отпад, што РКЕ ќе ги определува, е декември 2025 година. Регулаторната комисија за енергетика во моментов работи на обезбедување на предуслови за успешна реализација на новата надлежност, а којашто два сегмента за клучни: дефинирање на методологијата и соодветни подзаконски акти, како и кадровско екипирање – велат од Регулаторната комисија.

    Оттаму додаваат дека во рамки на проектот за цврст отпад, финансиран од ЕБРД, со која се дава техничка помош во развој на секторот за отпад во земјава, предвидена е консултантска поддршка за изготвување на правилникот за утврдување на тарифа за услугата за управување со комунален отпад и другите подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за управување со комунален отпад.

    Во меѓувреме ќе треба секоја општина да создаде услови за одлагање на селектираниот отпад и да се објасни како тоа ќе функционира, а ќе бидат потребни посебни фирми кои ќе го користат рециклираниот отпад.

    Бизнисмените очекуваат да заштедат само на комуналниот отпад кој сега го плаќаат според квадратурата на објектите и дворните површини.

    – Ако се плаќа комуналниот отпад на килограм, тоа ќе биде добро за компаниите бидејќи ќе добиваат далеку помали сметки за тој вид отпад. Компаниите, посебно оние од текстилната индустрија, имаат големи трошоци околу уништувањето на отпадот што го создаваат во процесот на производство и отпадот од пакување за кој се плаќа посебно. До јануари годинава остатоците од текстилот во производството на облека одеше заедно со комуналниот отпад. Но сега, овој отпад треба да се уништи за што компанијата која го уништува наплаќа по 19 евра за тон. Годишно само за уништување на остатоците од текстил ќе треба да  платиме  950 евра. И тоа не е се. Ние плаќаме и за собирање на отпад од пакување кој за секое пакување-хартија, пластика, најлон има друга цена. Значи плаќаме три сметки за отпад. Верувам дека со новиот начин на плаќање на комуналниот отпад ќе заштедиме бидејќи досега и таа сметка не беше ниска – вели Ангел Димитров од конфекцијата „Мода“ од Свети Николе и претседател на собранието на Организацијата на работодавачи.

    Тој меѓутоа забележува на тоа дека државава не посветува внимание на рециклирање на отпадот и производство на артикли од рециклиран отпад од што може да живеат  посебни фирми и да вработуваат луѓе.

    – Токму од текстилниот отпад можат да се произведуваат рециклирани производи со што на текстилот ќе му се продолжи рокот, а државата ќе има корист бидејќи нема да се разградува во земјата или да се уништува преку горење. Но такви фирми кај нас нема, а и тешко можат да добијат лиценци оние кои сакаат да ги отворат – вели тој.

    Новата методологија на пресметка на надоместокот за собирање отпад ја најави лани министерката за екологија Каја Шукова како една од мерките да се намали отпадот што се депонира и да се поттикнат граѓаните да го селектираат и рециклираат отпадот што го создаваат.

    – Ќе одиме со селекција, а не со класично собирање и депонирање на отпадот, тоа ќе се прави или на ниво на општините, во зависност од тоа колку им се јаки комуналните претпријатија, или ќе се прави во претоварните станици. Во рамки на секој регион ќе имаме неколку претоварни станици. Начелно ќе се обидеме да го намалиме количеството отпад кое ќе го одлагаме во централните депонии – изјави тогаш Шукова.

    Според последните статистички податоци, кои се за 2022 година, вкупно во земјава се создале 856.766 тони комунален отпад, што изнесува 467 килограми по глава на жител. Најголемото количество на собран комунален отпад (99,8%) се исфрла на депонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img