More

    Австралиски милијардер планира да изгради нов Титаник

    spot_img

    Милијардерот и рударски магнат Клајв Палмер вети дека ќе го изгради бродот „Титаник 2“ кој ќе биде, според него, „далеку, далеку подобар од оригиналот“.

    Палмер изнајми просторија во операта во Сиднеј за да ја објави неговата визија за изградба на големата реплика на Титаник. Сепак, милијардерот призна дека допрва треба да обезбеди бродоградилиште. Тој е уверен дека може да го обезбеди бродоградилиштето навреме за да почне да го гради бродот на почетокот на следната година.

    Клајв и претходно најавил градење на овој брод. Минаа речиси 10 години откако Палмер одржа слична прес-конференција во лондонскиот хотел „Риц“ за да го открие својот сон за изградба на нов Титаник. Новинарите и тогаш го прашале дали проектот е измама или рекламен трик, а Палмер одговорил дека има „доволно пари за да изгради 10 Титаника“.

    Работата на Титаник 2 беше прекината во 2015 година откако изби спор за плаќање меѓу една од компаниите на Палмер и кинеската компанија „Ситик“. Милијардерот повторно го најави проектот во 2018 година со предложен датум за лансирање до 2022 година.

    Во меѓувреме, магнатот отслужи мандат во австралискиот парламент и потроши милиони долари на различни правни предизвици, туристички потфати и скапи изборни кампањи.

    На денешната конференција тој ја обвини пандемијата за доцнењата и рече дека овој пат луѓето треба да му веруваат бидејќи „сега има повеќе пари“, објаснувајќи дека тендерите за изградба ќе бидат објавени во јуни, а договорите ќе бидат потпишани до декември.

    Тој потврди дека финската компанија за дизајн и поморско инженерство на бродови „Делтамарин“ го поддржала проектот.

    Иако вистинскиот брод сè уште не е на повидок, Клајв покажа петминутна 3Д анимација од сите 9 палуби на Титаник 2. Магнатот тврди дека ќе ги ангажира некои од најдобрите дизајнери за крстарење во светот. Бродот би имал ист ентериер, сала за бал, базен и турска бања како оригиналот.

    – Позабавно е да го правиш Титаник одошто да седиш дома и да си ги броиш парите – рече Палмер.

    Првото патување на бродот е закажано за јуни 2027 година. Бродот треба да патува од Саутемптон до Њујорк повторувајќи го несреќното патување на оригиналот во 1912 година.

    Оригиналниот Титаник удрил во санта мраз за време на своето прво патување преку Атлантикот и потонал на 15 април 1912 година, а притоа умреле приближно 1.500 патници и членови на екипажот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img