More

    Зголемен е прагот за независни кандидатури за локални избори

    spot_img

    Со вчерашните измени на Изборниот законик Широката коалиција (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) го зголеми прагот за независни листи, тврди лидерот на Левица Димитар Апасиев во објава на Фејсбук.

    „Драги независни’ (граѓански листи / група граѓани). Денес, на итна собраниска седница, широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ го измени Изборниот законик. Па така, наместо досегашните 1.000 потписи за градоначалник или за советничка листа во Град Скопје, сега ќе треба да соберете над 4.600! Демократски, нема што“ – пишува Апасиев.

    Собранието синоќа на 147. седница без расправа го изгласа Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

    Во наведените измени во соопштението до јавноста не се спомнува менување на условите за кандидирање независни листи за советници и за градоначалници.

    Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

    Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

    Со предложените измени се задолжуваат јавниот радиодифузен сервис како и телевизии на државно ниво да ги објавуваат содржините поврзани со изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, односно со користење знаковен јазик, титлови, тонски опис или други алатки за обезбедување пристапност.

    Исто така, се дорегулираат и допрецизираат одредбите во однос на финансирањето на изборите и доставувањето и објавувањето на извештаите за примени донации на тансакциската сметка за изборна кампања. Со законот се предлага да се одреди јасна временска рамка за одржување на повторените избори во случаите кога условот за излезеност не е исполнет во првиот круг од изборите за градоначалник, се со цел да се намали ризикот од неуспешни избори.

    Измените предвидени во ова законско решение го уредуваат рокот за одлучување на Управниот суд во случај на поднесена тужба за заштита на избирачкото право на подносителите на листи и на избирачите.

    Двата закона усвоени вчера – за дополнување на Законот за високото образование и за изменување и дополнување на Изборниот законик, беа изгласани со мнозинство од вкупниот број пратеници и со мнозинство гласови од пратеници припадници на заедниците кои не се мнозинство во државава кои беа присутни на 147 собраниска седница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img