Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо во моментот е во врска со 25-годишната италијанска манекенка Виторија Черети, објавија недодамна светските медиуми.
Кристал Хефнер, сопруга на Хју Хефнер, кој беше познат по неговата љубов кон многу помлади жени, го нарече Леонардо Дикаприо „новиот Хеф“.
Кристал откри и дека Дикаприо бил на забава во замокот на Хефнер со Ријана, која тогаш била во своите 20-ти години.
– Се сеќавам дека Леонардо Дикаприо и Ријана се споија една вечер. Се сеќавам дека си помислив: „Тоа е паметно, бидете еден со друг, нема да кажеме никому – рекла Кристал.
– Девојките се сè помлади… Лео се претвора во новиот Хеф – додала Кристал, која со Хефнер беше во брак пет години, до неговата смрт на 91-годишна возраст.
Вдовицата откри дека вилата ја посетиле повеќе познати ѕвезди како Џек Николсон, Џастин Бибер, Кајли Џенер…
Виторија, сегашна избраничка на Дикаприо во јуни полни 26 години, а извори блиски до актерот тврдат дека таа ги има сите квалитетите кои холивудската ѕвезда ги бара кај партнерката.