More

    „Државен службеник“ ќе се гледа од САД, преку Бразил, па сѐ до Индија

    spot_img

    Најпопуларната српска криминалистичка серија „Државен службеник“ привлече внимание на голем број гледачи од регионот, а со своите мистериозни заплети и возбудливи пречки со кои главните ликови се среќаваат, ќе ја запознае и публиката ширум светот.

    Правата на емитување на заедничкото остварување на Телеком Србија и продукциската куќа „Филм Данас“ ги откупија светските платформи Disney+ од Индија, GloboPlay од Бразил, Somos Next и Flix Latino за подрачјето на САД и Порторико, Pop TV, Brio kanal и Voyo од Словенија и RTL и Play Premium платформа од Хрватска. Со оваа своевидна потврда на квалитетот на серијата, најавен е и почетокот на емитувањето на третата сезона – почнувајќи од 23. април, од 21 часот, на Суперстар каналот, гледачите за време на викендите ќе имаат прилика да гледаат 14 нови епизоди.

    – Успеавме да ја оствариме целта која ја зацртавме на самиот почеток на вложувањата во продукција на серијата – да ја интернационализираме содржината, поради што од самиот старт бевме уверени во нивен и квалитетот на актерите, режисерите, продуцентите и сценаристите. Нашите серии сега се емитуваат на пет континенти, а „Државен службеник“ постави високи стандради до кои ќе се придржуваме и во иднина – изјави Владимир Лучиќ, генералниот директор на компанијата Телеком Србија.

    Творецот на оваа акциона серија и продуцент, Предраг Гага Антониевиќ, заедно со продуцентот Макса Ќатовиќ, режисерот Мирослав Лекиќ и блескавата актерска екипа, успеа уште еднаш да создаде дело кое гледачите ќе ги држи во неизвесност до самиот крај. Публиката заедно со ликовите ќе поминува низ своите победи и порази, но и неизвесноста која ја донесе полицискиот час, затворањето на земјата и ситуации во кои ништо освен зачувувањето на здравјето не е важно.

    – Ниту еден од неколкуте поранешни обиди да се креира филм во кој главниот лик е некој од државната безбедност или службата не поминал ниту кај домашната публика, ниту во странство. Сега, благодарејќи на Телеком Србија и блескавата екипа која работеше на ова остварување, голем дел од светската публика има можност да ужива во оваа серија – истакна Антониевиќ.

    Дејствието на претстојната трета сезона ќе биде сместено во современи и актуелни околности кои се случиле во светот – пандемијата на вирусот ковид-19. Главниот јунак Лазар Станоевиќ кој го толкува Милан Мариќ, државниот службеник на кој службата му е светост, ќе се најде пред нови предизвици на работа и во семејството.

    – Благодарејќи на компанијата Телеком Србија, најголемиот купувач на аудио-визуелни содржини на овие простори, никогаш не се работело повеќе отколку сега. Преговорите пред почетокот на снимањето беа долги и тешки, траеа цели пет минути – низ смеење изјави продуцентот Макса Ќатовиќ.

    Третата сезона од „Државен службеник“ за македонската публика е достапна за премиерно гледање на Суперстар каналот, кој што дел од понудата на телевизиски канали на Msat TV сателитската телевизија на Мтел, членка на Телеком Србија групацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img