Во регионалните медиуми неодамна одека веста дека Мелина и Харис Џиновиќ се разведуваат по 22 години љубов.
Познатиот пејач Харис Џиновиќ за хрватските медиуми, првпат проговори за причините за развод со Мелина.
– Таа ја знае причината, таа ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично изневерениот сопруг последен дознава – изјави Харис за „Шоу баз“.
Инаку, врската меѓу Мелина и Џиновиќ започнала многу изненадувачки.
Нивната љубовна приказна започнала во 2002 година, кога Мелина била трета година на студии, а кобната средба се случила во Сараево. Нивната следна средба се случила сосема случајно, кога таа и Харис требало да настапат во Загреб, почнале да се допишуваат и постепено се зближиле, а потоа пејачот ја повикал Мелина да му гостува во Париз.