More

    Со Бујар Османи ќе ги срушиме сите предрасуди, порача Али Ахмети

    spot_img

    „Да започнеме заедно уште едно смело патување во правец кон уривање на сите предрасуди, во правец кон целосната рамноправност и на деблокирањето на европскиот пат, велејќи НЕ на Русија, ДА за Европа!“, напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот Фејсбук-профил, повикувајќи го членството, сите пријатели, браќа и сестри, како што наведе во објавата на социјалната мрежа, да присуствуваат на 9 март во 18 часот во спортскиот центар „Кале“ во Скопје.

    Објавата на Ахмети ја пренесува приштинскиот весник „Газета експрес“.

    „Со оваа промотивна конвенција Демократската унија за интеграција официјално ќе ја започне својата предизборна кампања за нивниот кандидат за претседател на државата Бујар Османи, сегашниот министер за надворешни работи“, напиша Ахмети.

    Инаку, Ахмети својата објава на Фејсбук ја надополни со фотографија, на која е истакнато: „Време е за првиот албански претседател“, на која во позадината со албанското знаме се поставени негова фотографијат и на Бујар Османи, претседателски кандидат од ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img