Петмина припадници на специјалната единица на британската армија (САС) се под истрага за можни воени злосторства извршени во Сирија пред неколку години, јави Би-би-си.
Голем број специјални сили на Обединетото Кралство беа распоредени во Сирија во текот на изминатата деценија во операциите против Исламска држава.
Истрагата наводно е фокусирана на инцидент што се случил пред 2 години кога еден од џихадистите бил убиен. Британските војници, според нивните претпоставени, употребиле прекумерна сила при апсењето на џихадистот, но процениле дека тој имал намера да изврши самоубиствен напад и го убилe.
Засега нема уапсени, но Единицата за тешки криминали при Министерството за одбрана врши увид. Министерството за одбрана соопшти дека сериозно ги сфаќа наводите за можни престапи и тврди дека ова не е изолиран случај и дека има уште „застрашувачки“ сведоштва за воени злосторства.
Единиците на САС со години дејствуваат во Сирија, а до пред неколку години дејствуваа и во Авганистан.
Во тек е и истрага за тоа дали специјалните сили на Обединетото Кралство убиле цивили и невооружени луѓе во ноќните напади во Авганистан меѓу 2010 година и 2013 година.