Во „Говори сега“ на БНТ1 (бугарската национална телевизија) во Софија на дебата со Христо Христов, внукот на Гоце Делчев, новинарот Костадин Филипов дописник на БНТ од Македонија и водителката Маја Костадинова
Гоце Делчев е симболот на македонизмот, Гоце Делчев е Македонија и Македонија е Гоце Делчев!
Во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција, за тоа постојат документи. Официјална Бугарија никогаш не излезе со став и не се извини.
Знаете што е резултат на таквиот режим на владеење? Оваа книга само за мојот град, над 900тини жртви. Овој човек има 15 години, исечен е на парчиња. Значи, над 800тини жртви, од кои најголем дел или над 90% се убиени од бугарската фашистичка полиција и армија. Ова не може да се заборави, но може да се стави на страна, да се учи од минатото и да креираме нова иднина, но, не на начинот како што го креираат некои поединци од вашата држава. За да почитуваш првенствено треба да добиеш почит.
Бугарската држава треба да сфати дека од Македонец бива само Македонец и не бива ништо друго. Ние сме Македонци, вие сте бугари. Ве сакаме и ве почитуваме, сакајте не такви какви што сме, затоа што на друг начин никогаш нема да се разбереме.
Гоце Делчев е синонимот на македонската борба, еден од современите македонски преродбеници. На крајот, каде почива? Во Скопје, тоа му била последната желба. Зошто не го решила бугарската држава повеќе од 40 години да го стави во саркофаг да го закопа некаде во Бугарија, бидејќи сакал да почива во независна Македонија.
https://fb.watch/qDZLlu6ONP/