More

    Охрид најбезбеден град кога со полиција раководи фамилија за унапредување на криминалот,дел 1-ви

    spot_img

    Најголеиот туристички центар во Македонија Охрид ,постана најбезбеден град во Европа за новогодишните празници. И пред ,а и за време на најлудата ноќ во Охрид отсвем еден изолиран случај на користење на наркотична дрога Кокаин од страна на државјанин на Р.Србија и едено омаловажување на службено лице во угостителски објект на улица Железничка ,се останато беже како под конец!

    Сложна фамилија ,безбеден град!

    Нема зелена растителна материја, без, Хероин , Кокаин, Екстази,секаде се почитувал законот за пушење во затворени простории, никаква употреба на пиротехнички средства,отсвем во два изолирани случаеви ,сите управувачи со моторни возила трезни, никој не конзумирал алхохол.

    Прекрасната идила на началникот на СВР Охрид Жарко Лазоровски ја нарушил само еден србин и тоа предновогодишно ,па така во сооппштението на СВР Охрид ќе се истакне:

    На 31.12.2023 во 00.50 часот, во угостителски објект на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија до дрога и оружје, приведоа 31 годишен државјанин од Република Србија. Тој бил затекнат како користи кокаин и до него било пронајдено и одземено пакување со кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

    Овој државјанин на Р.Србија фрла црно петно врз безбедоста во Охрид ,кој замислете поминал граница со Кокаин во него за да истиот го користи на градскиот плоштад во Охрид???? Да не беше смешно,секако е трагикомично.

    Додека србинот конзумирал кокаин на градскиот плоштад во Охрид,интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и СВР Охрид, и оваа година го реализираа превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година“,а на друга страна на улица железничка ,вработен во угостителски објект од како се обидел да сопре физичка пресметка помегу гости ,од како повикал полиција истиот го привеле екипа од „елитни полицајци“ предвоидени од „вундер кинг“ командирот Сашо Дончески и внукот на началникот Лазоровски,полицаецот Валентин Дојчиноски,патем задолжен за дистрибуција на бела прашкасата материја преку ПС од „бела надлежност“ до крајните конзументи.За напомена УПС Велентин Дојчиноски запослен е од неговиот чичко ,патем началник на СВР Охрид Жарко Лазоровски,а во ПС од ОН Охрид покрај УПС Валентин Дојчиноски во екипата на тандемот Лазоровски- Дончески иа уште пет униформирани полицсиски службеници задолжени за претепување на граѓани ,дилање на кокаин како и формирање на охридско полициска преторијанска гарда,задолжена да сее страв кај народ ,а попатно и за контрола на бизнисот со наркотици во Охрид и Струга ,за што во дел се користат и службените возила на СВР Охрид.

    Пртепувања до смрт, контрола на бизнисот со наркотици , превоз на мигранти ,рекет и уцени ,дел од бизнисот на новиот „ганг клуб“ при СВР Охрид.

    Во изминаттата година Охрид доживеа полициска ренесанса ,благодарение на новиот началник на СВР Охрид Жарко Лазаровски,кој патем го наследи својот претходник Сашо Смилески,кој замина да полива во повисоки води во БЈБ и да ја конторлира целокупната граница на Р.Македонија (нашата ,вашата ,читај нивна земја).

    Подрачјето кое е по јурисдикција на СВР Охрид, градовите Охрид, Струга,Дебар и Кичево , постанаа мека за организираниот криминал во Македонија.

    Пртепувања до смрт, контрола на бизнисот со наркотици , превоз на мигранти ,рекет и уцени ,дел од бизнисот на новиот „ганг клуб“ при СВР Охрид постанаа македонско секојдневие.Полицајци со менатлни палки ,облечени во црни униформи претепуваат граѓани до смрт,наплатуваат рекет од ресторани ,кафичи и ноќни клубови,каде глумат обебзедување,а од друга страна началникот на СВР Охрид шурува со струшкото нарко подземје, од каде добивал возила на подарок,па така при последната акција на оделот за организиран криминал при МВР во Струга ,кога дошле до вратата на прво осумничениот и водач на групата, истиот им ја оставил и вратата од куќата подотворена,за специјалците да не му ја кршат и нормално ја здувнал преку ГП Ќафасан во Р.Германија.Тоа е истото она лица кој на началникот му поклонил претходно возило Мерцеде Б ,но инфорациите кој ги поседувам говорат за ногу поголеми поклончина во вид на возила . Но еден ден и началникот Лазоровски ,а и останатите негови роднини и пријатели кој се јавуваат како увозници на прескапи возила ,ќе морат да дадат одговор ,како истите ги плајќале во Германија, Швицарска,Белгија миму банково плаќање,ако се знае законската регулатива за износ на готовина од Р.Македонија.

    Продолжува:Улогата на внатрешната контрола во унапредувањето на полицискиот криминал.

    Сашо Денесовски – лично

    НАПОМЕНА:Ставовите изнесени во рубриката „Досие“ се лични ставови и сознанија на авторот на текстот.Редакцијата се оградува од изнесените ставови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img