More

    Откриена „канибалска ѕвезда“ која голта делови од својот планетарен систем – откри лузна

    spot_img

    Откриена е канибалска ѕвезда, откако проголтала делови од својот планетарен систем. Астрономите ги пронајдоа доказите во „метална лузна“ со големина од околу 500 километри на површината на ѕвездата.

    Тим научници предводени од Стефан Багнул забележале „лузна“, која всушност претставува концентрација на метали втиснати на „бело џуџе“, т.е. на ѕвезда која некогаш била слична на Сонцето и која во последната фаза од својата активност , полека се лади и на тој начин достигнува димензии слични на оние на Земјата, пренесува rts.rs.

    Истражувачите претходно забележале бројни „бели џуџиња“ со траги од метал, но овој материјал потекнува од астероиди кои поминале блиску до ѕвездата.

    Меѓутоа, во овој случај, материјалот е управуван од магнетното поле на „белото џуџе“, процес сличен на оној што создава поларници на Земјата и Јупитер.

    „Бевме изненадени што овде материјалот не беше рамномерно распореден на површината на ѕвездата. Наместо тоа, оваа лузна е концентрирана и се држи на место со истото магнетно поле што го водело паѓањето на тие фрагменти. Вакво нешто досега не сме виделе“, изјави Џон Ландстрит од канадскиот универзитет во Западен Онтарио.

    Резултатот од овие набљудувачки анализи е објавен во The Astrophysical Journal Letters, а е добиен благодарение на телескопот на Европската јужна опсерваторија, која се наоѓа во Чиле.

    Научниците веруваат дека овие набљудувања може да се применат за да се открие составот на планетите надвор од нашиот Сончев систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img