More

    Ревизорите објавија анализа за семејното насилство и патот до правдата во Македонија

    spot_img

    Премиерот Талат Џафери незаконски членувал во Генералниот совет на ДУИ додека истовремено бил претседател на Собранието во февруари, платил казна поради кршење на Уставот, но продолжил да го крши законот. Овој случај е дел од „матните“ за месец февруари според „Транспаренси интернешнел-Македонија“.

    Од Државната комисија за спречување на корупцијата прашале дали и покрај платената казна Џафери сè уште извршува партиска функција, но од ДУИ одговор не добиле.

    – До ден денес не успеавме во таквото наше настојување, со коешто би покажале дека е надминат судирот на интереси, односно дека (Џафери) повеќе не е член на овие тела. Меѓутоа од политичката партија (ДУИ) добивме известување дека тој секогаш при одлучувањето се изземал, но Законот не познава изземање – рече Катица Николовска – член на ДКСК.

    Николова побара постапката да запре зашто Џафери во меѓувреме е избран за премиер, а ако останал спикер ќе барала негово разрешување. Овој предлог предизвика караници меѓу антикорупционерите на нивната последна седница во овој состав. Членот Шемси Салаи истакна дека Антикорупциската воопшто не е надлежна и за Џафери требал да одлучува Уставниот суд, а не Комисијата, што наиде на отпор кај колегите.

    – Вие уште кога почнав да образложувам почнавте да се смеете, некои од колегиве… – рече Салаи.

    – …. Па затоа што кажуваш некои работи за прекршување, а не обрнуваш на тоа што е главното, сè со цел да ги превртиш работите и да создадеш погрешна слика – рече Билјана Ивановска – член на ДКСК.

    Меѓу актуелните матни настани од февруари на списокот на „Транспаренси интернешнел-Македонија“ се случајот со внукот на Али Ахмети, Дрин, кој според ДКСК незаконски добил грант од Фондот за иновации, затворањето на предметот за ДУП-от на Треска од страна на ДКСК и негово предавање до Обвинителството и други.

    Во делот на бистрите настани за февруари е кривичната пријава против седум лица кои посредувале за вработување во Агенцијата за Администрација, кривична пријава против двајца полицајци кои примиле поткуп, замрзнување на имотот на сопственикот на фирмата „Новоматрикс“ поради затајување на данок како и кривичната пријава против професионален војник вработен во затворот „Идризово“ кој им доставувал телефони на осуденици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img