More

    ФК „Вардар“ прашува до кога ќе се толерира националистичкото дивеење на „Балистите“

    spot_img

    Фудбалскиот клуб Вардар објави соопштение во кое се пожали дека на гостувањето кај Шкендија викендов во Тетово биле цел на националистички навреди, биле гаѓани со тврди предмети, а на стадионот го немало државното македонско знаме кое според пропозициите, е задолжително на секој стадион.

    „На натпреварот во Тетово, повторно бевме сведоци на срамни националистички испади, како и на употребата на тврди предмети упатени кон фудбалерите на Вардар. Сепак, тоа што најмногу не револтираше, беше отсуството на македонското знаме, кое според пропозициите на ФФМ, е задолжителен декор кој мора да ги краси сите стадиони.

    Би сакале да посочиме дека за разлика од крајно нецивилизираното однесување на навивачите на Шкендија, сепак управата на тетовскиот клуб се потруди, пред сè, околу приемот на нашата екипа, а потоа и во однос на смирувањето на страстите на трибините, но, за жал, не успеа.

    Како клуб реагиравме за неодамнешните идентични испади на стадионот во Чаир, сега реагираме за испадите во Тетово. Се прашуваме до кога?! Се прашуваме и ги прашуваме, пред сè, надлежните институции, а потоа и сите останати чинители кои денес го претставуваат македонскиот фудбал.

    Затоа што немањето реакција, не е само одлика на непрофесионализам, туку и на согласност. Затоа да реагираме и да го вратиме макфудбалот на нормалните патеки!“, се вели во соопштението на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

    Натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Вардар помина многу тензично. И додека на теренот беше видлив квалитетот на домаќините над младиот тим на гостите, на трибините борбата беше нерамноправна.

    „Балистите“ во текот на целиот меч ги навредуваа Вардарци и Македонците, а врв на сѐ беше кога извадија знаме на која на мртовечки ковчег беше испишано „Миравци“, како што „Балистите“ ја нарекуваат екипата на Вардар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img