More

    Поднесени се претставки до 11 институции за можна корупција во оваа инвестиција

    spot_img

    Здружението на инженери информира дека вчера поднело претставки до 11 надлежни институции со барање пратениците во Собранието да не го изгласаат штетниот закон за „Митилинеос когенеративна постројка Скопје”, а институциите да преземат мерки во рамките на своите законски надлежност за постапување во услови кога се евидентни ризиците од корупција, односно кога има индиции за обид за кривични дела. Здружението денеска реагира и дека негови претставници и претставници на Министерството за економија не се поканети да присуствуваат на расправата во собраниската Комисија за економски прашања  за оваа и другите стратешки инвестиции  во енергетиката.

    Претставката, како што информира Здружението,  е доставена до Основното јавно обвинителство Скопје, Државното правобранителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, МВР, Државниот завод за ревизија, Уставниот суд, Регулаторната комисија за енергетика, Комисијата за заштита на конкуренцијата, ЕСМ, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и до претседателот и членовите на комисијата  за економски прашања.

    – Со претставката покрај заштитата на јавниот интерес утврден со уставот и законите, бараме државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет во врска со стратешкиот проект „Митилинеос когенеративна постројка Скопје”, поради сомневање за можна корупција, а до основното јавно обвинителство Скопје, ја поднесовме како иницијатива за покренување предистрага поради сомневање за можен обид за кривично дело поврзано со корупција во врска со донесувањето на закон и договор за стратешкиот проект „Митилинеос когенеративна постројка Скопје“ – велат од Здружението.

    Здружението на инженери реагира и дека нивни претставници, а и претставници на Министерството за економија не се повикани на расправата која денеска ќе се води во собраниската комисија за економски прашања по  4 предлог закони за стратешки инвестициони проекти: „Соларен парк Стипион” со договорот,„Соларна електрична централа Пехчево” без договорот, „AIM Ggeen Tesh” без договорот и „Митилинеос когенеративна постројка Скопје” без договорот.

    – Куриозитет претставува тоа што во рок од една седмица, по втор пат овие Предлог закони се наоѓаат на дневен ред на ова работно тело, но овој пат, претседателот на комисијата, пратеникот Диме Велковски, Известувањето за свикување на седницата, не го доставил до Министерството за економија, како за претходната 26 седница туку само до Министерство за финансии и Министерство за животна средина и просторно планирање. Јавноста знае дека министерот за економија, Крешник Бектеши, побара повлекување на предложениот закон за изградба на когенеративната постројка во Скопје, кој иако првично беше повлечен, повторно се најде на денешната комисиска расправа, но овој пат без покана за негово присуство – велат инженерите.

    Здружението на инженери претходно  повикувајќи се наделовникот на Собранието со писмен допис побара двајца до четворица стручни и јавни работници – инженери и професори енергетичари да бидат поканети и да го изнесат нивното мислење по прашањата што се разгледуваат на седницата, но како што информираат до денеска немаат добиено одговор од Собранието.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img