Доктор Силвиу Брил е директор на Институтот за третман на болка во Тел Авив во Израел. Тој е копретседател на Работната група за медицина базирана на канабис и претседател на работната група за онколошка болка на Европската федерација за болка. Учествувал во бројни национални и меѓународни комитети и е коавтор на околу 90 публикации во списанија и поглавја од книги во различни области на болка, вклучувајќи акутна болка, невропатска болка, CRPS, онколошка болка, опиоиди и канабиноиди. Неговиот главен истражувачки интерес е во областите на невромодулација, психолошки аспекти на хронична болка, постхируршка невропатска болка и медицинска употреба на канабиноиди. Д-р Брил беше дел од едукативниот настан „Клиничка перспектива за медицинска употреба на екстракт од канабис (CBD/THC) во третман на болка“, што се одржа во организација на Македонската ревматолошка асоцијација, а беше поддржан од Реплек АД Скопје.
Како екстрактите од медицинскиот канабис помагаат во лекувањето на невропатската хронична болка?
– Медицинскиот канабис може да помогне во лекувањето на невропатската болка преку интеракција со ендоканабиноидниот систем во телото. Канабиноидите во канабисот, како што се THC и CBD, имаат антиинфламаторни и аналгетски својства кои потенцијално можат да ја ублажат невропатската болка со модулирање на сигналите за болка. Сепак, индивидуалните одговори се разликуваат, и од суштинско значење е да се консултирате со здравствен работник за персонализиран совет.
Кои се предностите и недостатоците на терапијата со медицински екстракти од канабис за лекување на невропатска хронична болка?
– Потенцијалните предности на канабисот во лекувањето на невропатската болка ја вклучуваат неговата способност да го намали воспалението, да ги модулира сигналите за болка преку ендоканабиноидниот систем и да обезбедува аналгетски ефекти. Канабисот може да понуди и алтернатива за поединци кои не реагираат добро на традиционалните лекови против болки. Сепак, тоа што е значајно да се нагласи е дека е потврден потенцијалот на канабисот во третманот на невропатска болка.
Имено, се покажа дека активните соединенија во канабисот имаат аналгетски својства, што значи дека можат да помогнат во намалувањето на болката. Тие комуницираат со ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Понатаму канабисот има антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали воспалението и да се ослободи од болката. Се докажа и позитивната улога на канабисот односно неговите невропатски својства, што значи дека може да помогне во заштитата на нервите од оштетување. Ова може да биде корисно за невропатска болка, која често е предизвикана од оштетување на нервите. Исто така, докажани се и позитивните ефекти во релаксација на мускулите, па канабисот делува и на мускулна релаксација и ги ублажува симтомите. Позитивни ефекти од канабисот, особено видови со висока содржина на THC се потврдени во подобрување на квалитетот и времетраењето на сонот. Важно е да се забележи дека иако канабисот може да има потенцијални придобивки за невропатска болка, индивидуалните одговори може да варираат. Секогаш е препорачливо да се консултирате со здравствен работник пред да користите канабис за управување со болката.
За кои болести или состојби канабисот има најголемо позитивно дејство, а во кои случаи воопшто не се препорачува?
– Канабисот, особено неговите канабиноиди како THC и CBD, е проучуван за различни медицински состојби. Важно е да се напомене дека истражувањето на ова поле е во тек. Канабисот покажа позитивни ефекти во третманот на хронична болка, бидејќи има аналгетски својства, особено кај невропатска и онколошка болка. Некои студии сугерираат дека канабисот може да помогне во ублажување на симптомите како што се мускулни грчеви и болка кај пациенти со Мултиплекс склероза, а олеснителни околности има и при примање на хемотерапија, бидејќи, специфичните канабиноиди како THC, може да бидат корисни во намалувањето на гадењето и повраќањето поврзани со хемотерапијата. Непсихоактивната компонента CBD на канабисот е испитана за нејзиниот потенцијал во намалување на нападите кај одредени форми на епилепсија, како што се синдромот Дравет и синдромот Ленокс-Гасто. Кај поединци забележани се позитивни ефекти на канабисот во управувањето со анксиозноста и нарушувањата на спиењето, но доказите се различни, а влијанието може да варира од личност до личност.
Сепак, употребата на канабисот мора да биде контролирана, бидејќи кај некои здравствени состојби може да доведе и до негативни ефекти, како на пример кај некој психијатриски нарушувања, кардиоваскуларни проблеми, респираторни проблеми, употреба за време на бременост и слично.