Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски им се заблагодари на граѓаните кои во огромен број, за само четири часа доставија до подрачните единици на ДИК над 10.000 потписи.
Мицкоски рече дека очекува убедлива победа на Силјановска Давкова на изборите со над 100.000 гласа пред Пендаровски.
Тој се осврна и на кандидатите на ГРОМ и на Левица, Стевчо Јакимовска и Билјана Ванковска и рече дека тие се всушност опозиција на опозицијата во првиот круг и дека ќе биде интересно кому ќе му ги дадат гласовите во вториот круг, доколку воопшто го има.
Тој очекува убедлива победа на Гордана Силјановска Давкова во првиот круг.
Мицкоски ги повика и граѓаните, за како што рече да му се помогне на кандидатот Стево Пендаровски да го исполни ветувањето и да се исели од Македонија.
– И добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и онаа изјава која ја кажа пред некое време, доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија, да му помогнат да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија тоа е подобро за Македонија, а ние да најдеме начин сите оние кои се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме дома бидејќи тие се тие луѓе кои требаат дома – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.