Реал Мадрид го договори трансферот на Килијан Мбапе, а одговор веќе подготвија во Барселона. Мета на Каталонците е Ерлинг Халанд, ѕвездата на Манчестер Сити.
Рафаел Пимента, агентот на Норвежанецот, се сретна во центарот на Барселона со Дек, спортскиот директор на Блауграна.
Иако Пимента има и други клиенти, шпанските медиуми пренесуваат дека единствена тема била можноста Халанд да се пресели на Камп Ноу.
Барса веќе подолго време е во финансиски проблеми, но Лапорта планира да го реши со лансирање на проектот Суперлига. Халанд има договор со Сити до 2027 година и најверојатно ќе мора да издвои огромна сума пари за обештетување.