Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за внатрешни работи ќе обезбеди „брза лента“ за вадење на пасоши за сертифицирани професионални возачи на превозниците кои досега не успеале да го добијат документи со новото име на државата.
Списокот на возачи здруженијата на превозници ќе го достават во Министерството за транспорт кое ќе го препрати во МВР.
-Ќе биде оформен список на професионални возачи и со сертификат за професионален возач, ќе биде доставен од Министерството за транспорт и врски, а ние до МВР. Оние кои треба да бидат повикани за фотографирање, веднаш ќе бидат фотографирани. Ова е исклучително значење за економијата, која не смее да трпи – изјави Бочварски.
Според податоците на здруженијата околу 200 професионални возачи немаат пасош со новото уставно име. Половина од нив веќе се фотографирани, а дел чекаат повик.
Министерството за транспорт претходно на ефикасен начин преку изготвување на сите долументи со користење на сопствените податоци го реши и прашањето со лиценците камионските и автобуските превозници. Компаниите беа само известени да ги подигнат готовите документи.