More

    Грција се вклучува во интегрираната наплата на патарината на Отворен Балкан

    spot_img

    И Грција планира да се вклучи во интегрираниот систем на наплата на патарините кој веќе 8 месеци функционира меѓу земјава и соседна Србија во рамки на Отворен Балкан. За ова веќе е разговарано со нашето Министерство за транспорт и врски, а вчера се одржа и првата средба на грчки и српски официјални претставници за ова прашање.

    Од Министерството за транспорт велат дека прашањето е разговарано на средба на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар на грчкото министерство.

    – Презентирани се нашите искуства од функционирањето на интегрираниот систем за плаќање патарина со Србија. Сега очекуваме повратен одговор од Грција за да почнеме да го реализираме процесот – велат од Министерството за транспорт и врски.

    Српските медиуми денеска објавија дека Србија и Грција почнале да договараат интегриран систем за наплата на патарините меѓу двете земји. Во Атина вчера е одржан првиот состанок на претставници на релевантните министерства и компании за ова прашање.

    Српските медиуми пишуваат дека Грција прифатила да работи на системот.

    Поради кратките рокови, договорено е веднаш да се започне со дефинирање на процедури и формирање стручни тимови кои ќе се занимаваат со техничките, административните и правните аспекти од имплементацијата на овој систем. Делегациите се договориле најдоцна до 27 февруари да се формираат технички тимови од двете страни за да започне размената на техничките податоци и да се одржи првиот работен состанок до крајот на следната недела.

    Како основа на преговорите, српската страна ги посочи искуствата од ваквиот систем кој функционира меѓу земјава и Србија веќе 8 месеци.

    Системот овозможува побрзо и поудобно движење на патници, стоки и услуги меѓу двете земји. Овој проект ќе го подигне нивото на електронски услуги меѓу Србија и Грција.

    Грција изразила желба да работи со Србија на проширување на овој систем во другите европски земји, што би било значаен чекор кон олеснување на патувањето и трговијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img