More

    Новак Ѓоковиќ им откри на Американците кога ќе ја заврши кариерата: Одговорот кој одекна во спортскиот свет

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ даде интервју за еден од најпознатите спортски магазини во светот „Sport Illustrated“ и по тој повод откри кога планира да игра тенис.

    Тенисерот од Србија отвори многу интересни теми за растењето, исхраната, начинот на живот, но и кога планира да се пензионира.

    Тоа прашање, кое претходните години беше забрането да му се поставува на Новак (поточно, во негова близина беше забрането да се зборува за тоа), сега станува се почеста појава.

    Ѓоковиќ не сака да лицитира со датуми, но секогаш посочува што ќе го убеди дека е време за крај. Во тој момент кога веќе не може да се носи со останатите играчи и кога не е главен или еден од главните фаворити за пехарот.

    „Можеби ќе се приближи моментот кога ќе престанам да победувам на Грен слемовите и кога нема да можам да бидам меѓу главните претенденти за големи титули. Кога младите момци ќе почнат да ме клоцаат, тогаш веројатно ќе почнам да размислувам и да се прашувам дали да продолжам. Но, засега се е во ред“, изјави Ѓоковиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img