More

    Туск го одби барањето на Зеленски: Нема дискусија за блокирање на границата

    spot_img

    Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека ќе разговара со претставници на украинската влада на 28 февруари во Варшава, но дека не го прифатил барањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, една од темите да биде блокадата на границата. која беше организирана од полски фармери, наведувајќи ја како причина нелојалната украинска конкуренција.

    Значителен дел од полското население го поддржува протестот против прописите на Европската унија за заштита на животната средина и увозот на земјоделски производи надвор од ЕУ, особено од Украина.

    Туск ја истакна поддршката за Украина во борбата против руската инвазија и ја оцени потребата од заедничко решение на проблемот на земјоделците, пренесува Ројтерс.

    Полска ќе ги вклучи граничните премини со Украина на листата на критични инфраструктурни објекти, за да се осигура дека воената опрема, муницијата, хуманитарната и медицинската помош ќе стаса до Украина без одлагање, рече Туск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img