More

    Туристите ја избраа новата најубава плажа на светот: Се наоѓа во Европа и по 6 години го симна од тронот бразилскиот бисер

    spot_img

    Tripadvisor ги претстави најдобро рангираните плажи за 2024 година, а португалската Praia da Falesia го зазеде првото место.

    Плажа број еден што треба да ја додадете на вашата листа на летни дестинации е Праја да Фалесија во португалскиот Алгарве, која се најде на врвот на изборот на патници за најдобар од најдобрите оваа година.

    На таа позиција го симнува шесткратниот шампион – бразилскиот бисер Баја до Санчо, кој отпадна од списокот. Spiaggia dei Conigli на островот Лампедуза на Сицилија го освојува сребрениот медал, а бронзата оди на плажата Ла Конча во Сан Себастијан, Шпанија.

    Интересно е што Praia da Falesia минатата година беше на шестото место, а во меѓувреме собра 5.900 критики – од кои 68 отсто даваат највисока оценка, пишува nova.rs.

    Tripadvisor вели дека плажата што го освојува светот е „позната по своите драматични црвени, песочни карпи и е достапна преку дрвени скалила“. „Ова е омилено меѓу рецензентите на Tripadvisor поради мекиот, прашкаст песок, совршен за сончање и пешачење“, пишува Дејли Меил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img