More

    Некој со огномет му честиташе на лидерот на Српската листа?

    spot_img

    На социјалните мрежи денеска беше објавено видео од огномет за кој тврди дека бил поставен за роденденот на Милан Радоичиќ, лидерот на Српската листа на Косово кого Интерпол го бара поради сомневање дека ги организирал крвавите настани од Бањска во кои минатиот септември загинаа четири лица.

    Радоичиќ е под санкции на САД и Велика Британија, а го нарекуваат „контроверзниот бизнисмен од Косово“. Во Србија тој беше обвинет за предизвикување општа опасност и недозволено поседување оружје, беше уапсен во Белград, но по сослушувањето во Вишиот суд беше пуштен да се брани од слобода.

     

     

    Видеото на социјалните мрежи го објави лидерот на на движењето „Љубов, вера, надеж“, Немања Шаровиќ. Тој под видеото прашува „што му подарил Александар Вучиќ“ за роденден на Радоичиќ. 

    Да потсетиме дека вооружениот конфликт меѓу вооружена група Срби и припадници на косовската полиција во Бањска избувна на 24 септември минатата година. Потоа најпрво во раните утрински часови на влезот во селото е убиен наредникот на редовната единица на косовската полиција.

    Тогаш на ова место беа убиени тројца членови на групата Срби, а неколкумина беа ранети и уапсени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img