More

    Поранешниот фудбалер на Барселона е осуден за силување

    spot_img

    Дани Алвеш, поранешен бразилски фудбалер, еден од најтрофејните во историјата, е осуден на 4,5 години затвор поради силување извршено во ноќен клуб во 2022 година. Судењето на поранешниот фудбалер на Барселона заврши на 7 февруари годинава, а 15 дена подоцна тој ја дозна пресудата.

    На 5 февруари „АС“ објави дека адвокатите на Алвеш не постигнале договор со обвинителството и жртвата. Обвинителството побарало од 9 до максимални 12 години затвор и Алвеш да плати 150.ооо евра оштета. Адвокатите на Алвеш го бранеа со фактот дека бил пијан. Сега имаат право да поднесат жалба, што значи дека случајот сè уште не е затворен, а фудбалерот останува во затвор. Кауцијата беше одбиена поради стравувањата дека поранешниот фудбалер на Барселона може да побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани осудени на затвор во други земји.

    На 20 јануари 2023 година, Алвеш беше приведен во Шпанија поради случај на сексуално вознемирување. Оттогаш тој е во притвор. Алвеш ги негираше обвинувањата против него и постојано го менуваше своето сведочење во случајот.

    Иако јавноста во Шпанија очекуваше поголема казна за Алвеш, судот како олеснителна околност ја прифатил алкохолизираната состојба во која се наоѓал фудбалерот кога го извршил делото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img