Брачниот пар Анита и Готфрид Финк доживеале прилично непријатни работи во вила на хрватското приморје која ја купиле во 2020 година со намера таму да ги поминат пензионерските денови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Брачниот пар Анита и Готфрид Финк доживеале прилично непријатни работи во вила на хрватското приморје која ја купиле во 2020 година со намера таму да ги поминат пензионерските денови. Долго штеделе за куќата во Угљан, но кога се вратиле по завршувањето на панедмијата со коронавирусот не можеле да поверуваат во тоа што го виделе.

– Не можевме да одиме во Хрватска поради короната. Кога стигнавме на одмор, наеднаш ‘никнала’ црна зграда буквално пред нашата врата – изјави Готфрид за „Клајн Цајтунг“.

Нивниот сосед, градежен работник, им изнајмувал дивоградби на туристите, тврди брачната двојка.

– Сите го користеа нашиот имот за да стигнат до плажата – тврдат тие.
И самата општина била свесна за ситуацијата, но немоќна, потврди за „Клајн Цајтунг“ градоначалникот на општината Кали во Угљан, Бруно Мишлов.

Парот тврди дека се обиделе да разговараат со соседот и мирно да ја решат ситуацијата, но немало напредок. Велат и дека имало тепачки. Во пролетта 2022 година, како што раскажаа, некој им го запалил автомобилот, а потоа во зимата 2023 година мачката им била отруена.

Австријците сега се обидуваат да покренат правна постапка против нивните соседи. „Клајн Цајтунг“ пишува дека соседот очигледно се обидел да ги легализира дивоизградените објекти со барање до надлежната канцеларија во Задар за пренамена во градежно земјиште. По интервенција на општината барањето било повлечено.

– Не знаеме што ќе биде понатаму – се жалат австриските сопружници.

 

Share This Article