Полициски службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска приведоа едно лице на подрачјето на Томиславград, по меѓународна потерница на Интерпол.
Меѓународната потерница ја распиша НЦБ Интерпол на Република Германија со цел наведеното лице да го лиши од слобода и да го екстрадира во Германија за гонење за кривично дело „Убиство во обид“.
„По оперативни сознанија, полициски службеници на СИПА – оперативен тим „Фаст“ го лоцирале наведеното лице на подрачјето на Томиславград, по што истиот бил лишен од слобода и приведен во просториите на СИПА. Лишувањето од слобода е извршено во соработка со Дирекцијата за координација на полициските тела на Босна и Херцеговина и Министерството за внатрешни работи на кантонот 10. Лицето лишено од слобода ќе биде предадено на Судот на Босна и Херцеговина за понатамошна постапка во законски рок“, се вели во соопштението.