Српската пејачка Александра Пријовиќ проговори за борбата на Северина за старателството над синот.
Српската фолк ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа го одржа првиот од петте закажани концерти во Осиек, а по спектакуларната вечер во Хрватска ја коментираше борбата на Северина за старателството над синот Александар.
Александра одлучи јавно да ја поддржи својата Северина.
Александра со „кнедла во грлото“ не можела да ја сокрие тагата бидејќи сочувствувала со пејачката која, исто така, е мајка на малолетен син.
Прија до сега не се огласуваше на оваа тема, а сега јавно ја поддржа Северина.
Додека новинарката го поставувала прашањето, на Александра изразот на лицето и беше тажен.
– Можам да кажам само едно… Тоа е дека јас, како мајка, мислам дека детето секогаш треба да биде покрај својата мајка – истакна Александра Пријовиќ, пишува српски „Телеграф“.
Да потсетиме, откако пејачката Северина отиде на закажаното рочиште во Општинскиот граѓански суд во Загреб под обвинение дека ја демнела Гордана Буљан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб и за испраќање навредливи пораки до директорката на училиштето Љиљана Клингер, каде што посетувала синот, сега е повторно на суд по други обвиненија.
Станува збор за тужба која била поднесена во април поради инцидент во училиштето во октомври 2019 година. Откако таа не се појавила на претходните две рочишта (во ноември и април 2023 година), тужбата беше повторно поведена. Учителката бара од Северина отштета од 70.000 куни.
– За жал, морам да одам на суд бидејќи тие што треба да бидат тужени од мене, тие ме тужат мене. Во принцип, убијте го гласникот – изјави Северина за „24сата.хр“ по сослушувањето.