More

    Дара Бубамара од дечкото добила подарок од 30.000 евра

    spot_img

    Српската фолк пејачка Дара Бубамара има нов, помлад додворувач, јавуваат српските медиуми. Како што се наведува, Дара од него добила скап часовник „ролекс“, со кој веднаш се пофалила, пишува српски „Блиц“.

     

    – Дара веќе извесно време ја посакува ова момче. Сите во градот го знаат, згоден е и убав, вистински алфа мажјак! Тој е од Војводина и е татин син, но има и свој успешен бизнис. На него тој „ролекс“ од триесет илјади евра не му значи многу, има пари колку сакаш, но знае дека Дара носи скапа облека, секогаш вози бесни автомобили и сака добри часовници, па го одврза кесето. Чудно ми е што воопшто тоа го објавила, бидејќи во последно време не сака толку да зборува за приватниот живот и го крие како змија нозе – вели блиска пријателка на Дара и додава:

    – Тој „полуде“ по неа! И праќаше и цвеќе по концертите, секој пат по 101 роза. Нејзе тој и се допаѓа, вели дека е нејзин тип, брз, урбан и тетовиран. Сите од опкружувањето на Дара навиваат тие двајца да бидат заедно, а дали Дара ќе попушти, останува да видиме – заклучува пријателката.

    Дара Бубамара е позната по тоа дека сака и поседува луксузни работи.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img