Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека естонската премиерка Каја Калас е вклучена на листата на барани лица во Русија.
„Каја Калас (17 јуни 1977) … Основа за претрес: се бара по член од кривичен законик“, се наведува во соопштението.
Министерството не прецизираше за кој член од Кривичниот законик на Русија станува збор.
На листата се и државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и министерот за култура на Литванија Симонас Каирис.
– Тие беа ставени на потерница во овој случај – рече соговорникот на агенцијата.
Минатиот септември, Истражниот комитет на Руската Федерација во отсуство обвини повеќе од 170 странски државјани, меѓу кои и државјани на Летонија, Литванија, Естонија, Полска и Украина, за сквернавење и уништување споменици на советските војници. Се вели дека истражителите работат на 16 кривични случаи, истражувајќи 143 случаи на сквернавење, уништување или оштетување на воени гробници, споменици и спомен обележја на советските војници.
Инаку, премиерката Калас е гласен поддржувач на Украина од почетокот на целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година.
Таа беше еден од најсилните гласови во Европската унија и во НАТО кои се залагаа за обезбедување повеќе оружје за Украина.