Пендаровски: Возачките дозволи со старото уставно име ќе важат и во следните 10 месеци

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Возачките дозволи со старото уставно име ќе важат и во следните 10 месеци, рече претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Можам да ве информирам дека сите пратенички групи, безмалку сите, дадоа поддршка, денеска во 17 или 18 часот е закажана седница на Парламентот колку што јас знам, на која ќе се донесе измена на законот за возачки дозволи со која ќе се продолжи рокот за важење во внатрешноста на државата. Мислам дека во законот ќе стои 10 месеци плус, треба да се сменат во тие 10 следни месеци околу 270.000 возачки дозволи и тоа е изводливо – изјави Пендаровски.

Како што додаде Пендаровски, добро е што се оди конечно во добра насока и што партиите постигнаа консенуз коj што е од значењее за сите граѓани.

Жал ми е, додаде тој, поради тоа што моравме да правиме дополнителни политички интервенции за конечно париите во парламентот да се согласат и да направат измена макар на дел од законите.

– Јас барем овие предлози ги дадов пред два месеца во мое интервју. Значи, вчера разговарав со претседателот на Собранието, тој сугерира да ги собере сите пратенички групи и да се обидеме да ја надминеме оваа ситуација која е неиздржлива од аспект на интересите на нашите граѓани – додава Пендаровски.

Share This Article