More

    Лежел на тротоарот и пцуел на мобилниот

    spot_img

    Актуелниот австралиски пратеник и поранешен вицепремиер Барнаби Џојс се огласи откако се појавија снимки од него додека лежи на тротоарот во Канбера и пцуе на својот мобилен телефон. Во видеото на „Дејли мејл Австралија“, објавено во петокот, Џојс лежи на грб на тротоарот со стапалата во посадените цвеќиња, зборува на телефон и изговара непристојни зборови.

    Истовремено расте притисокот врз Националната партија на Австралија да го санкционира својот член.
    „Гардијан Австралија“ тврди дека Џојс не присуствувал на партискиот состанок на кој се разговарало за инцидентот. Шефот на партијата Дејвид Литлпрауд треба да разговара со Џојс подоцна денеска.
    Џојс признал за мрежата „Севен“ дека „направил голема грешка“ откако лекот кој го зел на рецепт го помешал со алкохол.

    – Јас земам лекови на рецепт и тие ви велат дека одредени работи може да се случат ако пиете. Тие 100% имаат право. Не барам сочувство и не барам изговор. Ќе стојам на тоа. Паднав на жардиниера. Паднав и ме снимаа – истакна тој.

    Премиерот Ентони Албанес во петокот рече дека пратеникот Џојс е во „очигледно тешки околности“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img