Во земјава лани се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи. Во однос на 2022 година, бројот на туристите е зголемен за 20,6 %, и тоа кај домашните за 0,6 %, а кај странските за 36,6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќавањата, пак, во 2023 во однос на претходната година е зголемен за 10,1 %, кај домашните за 1,4 %, а кај странските за 22,9 %.
Во декември лани се евидентирани 55. 875 туристи, од кои 38,6 % биле домашни, а 61,4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111. 668, од кои 41,6 % се од домашните, а 58,4 % од странските туристи.