Меѓународните истражители открија каде се наоѓаат осум украински деца за кои се верува дека биле насилно раселени во Русија, соопшти денеска холандската полиција.
Во операцијата од седиштето на Европол во Хаг учествуваа 60 истражители од 23 земји.
– Се надеваме дека децата ќе можат брзо да се вратат дома – рече Винсент Силесен од меѓународниот тим за криминал на холандската полиција.
Информацијата е предадена на украинските власти, соопшти полицијата.
Каде се наоѓаат децата е откриено со помош на онлајн алатки и препознавање на лица. Во операцијата учествувале и експерти од Британија, Австралија и САД.
Од почетокот на војната пред речиси две години, се верува дека илјадници деца од Украина биле киднапирани од Русите.
Меѓународниот кривичен суд на ОН веќе покрена истрага и издаде меѓународни налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова.