More

    Промените во Законот за воздухопловство ви нудат трајно решение – еве каде да пријавите

    spot_img

    Многу граѓани се жалат од негативни искуства со дронови кои им ја нарушуваат приватноста со тоа што летаат во нивните дворови или, пак, им ѕиркаат низ прозорците. Дроновите имаат и камери кои можат да фотографираат или да снимаат.

    Освен тоа, овие беспилотни летала се голем проблем во контекст на нивниот потенцијал да бидат оружје или технологија за шпионажа.

    Дроновите стануваат сѐ попопуларни поради можностите кои ги нудат, како за професионални, така и за рекеративни употреби. Уште се наречени и беспилотни летала (БЛ) бидејќи се летала без човечки воздухопловец.

    Имаат различни степени на автономија. Човечки оператор може да ги управува со далечински управувач или може да се движат самостојно со помош на вграден процесор (автопилот).

    Беспилотните летала се користат во модерното војување поради нивната моќ да предизвикаат штети, а притоа да не настрадаат луѓето кои инаку би биле воздухопловците на леталото. И полицијата во некои земји ги употребува, со цел вршење на ризични активности кои може да доведат до човечки жртви. Но, дроновите се користат и за забава, снимање убави кадри и за други активности.

    Регулирањето на нелегалните употреби на дроновите станува сѐ поголем проблем. Но, што можат да сторат граѓаните ако дронот е на нивниот приватен имот или доволно блиску до нив за да им го нарушува личниот простор? Дали можат да го пријават во полиција и дали смеат да го уништат? Доколку го пријават, како овластените лица ќе го пронајдат овластените дронот?

    – Пред две недели се изгласани промени во законот за воздухопловство кои следат одредени американски регулативи прифатени во Европа. Секој мора да го регистрира дронот во Агенција за воздухопловство. Луѓето кои поседуваат нерегистрирани дронови, а регистрациите се како регистарските таблички на возилата, можат да бидат пријавени во полиција – вели Дејан Саздовски, пилот во Аероклуб Скопје.

    Саздовски тврди дека полицајците сѐ уште не реагираат соодветно кога станува збор за дронови кои влегуваат во туѓ имот или следат некого. Дроновите порано влегувале во касарните и во полициските станици, а војниците честопати ги онеспособувале поради можни опасности. Касарните и полициските станици сега се заштитени со технологија која ги оневозможува дроновите да им се приближат. Но, обичниот граѓанин не смее да му го уништи дронот на сопственикот, иако дронот можеби го следи или му влегува во приватниот имот.

    Луѓето сега ќе можат да си го заштитат имотот со тоа што ќе го обележат како зона во која не смеат да летаат безвоздушни летала.

    – Луѓето можат да си ги обележат имотите, а тоа се запишува на виртуелна мапа. Комерцијалните дронови произведени од компании нема да можат да влезат во имотот кој е обележан како „Зона забранета за беспилотни летала“. „Кастом-мејд“ дроновите кои не се изработени од официјални компании се проблематични бидејќи не подлежат на овие правила. Но, тоа е проблем во целиот свет бидејќи тоа никаде не е регулирано – вели Саздовски.

    Сега постои начин за заштита на личниот имот преку веб-страницата „Ноу флај зоун“.

    Ако станува збор за „кастом мејд“ трон кој не е произведен од официјална компанија, нема начин да се преземе легална акција која ќе ги заштити граѓаните од инвазија на нивната приватност. Ако пријават, дронот ќе избега, а полицијата веројатно нема да го најде. Луѓето кои сакаат да се занимаваат со криминал ќе посегнат по „кастом мејд“ дроновите.

    Неможноста да се спроведе легална акција е основниот проблем и со дронови кои не се регистрирани, а се купени по легален пат. Ако некој го купи дронот од продавница, може да не го регистрира и повторно да се извлече бидејќи полицијата нема да може да го пронајде. Луѓето ќе си го заштитат имотот од дронот, но дронот ќе може да ги следи додека се движат. Ако го пријават во полиција, дронот веројатно нема да чека да дојдат полицајците, туку ќе одлета. Ако дронот поради луда игра на случаностите чека додека дојдат полицајците, треба да остане за да го земат и некако да го лоцираат сопственикот. Ако почне да бега, полицијата сигурно нема да го собори со огнено оружје.

    Начини за детекција и запирање на дроновите

    1. Аудио детекција – дроновите емитуваат специфичен звук. Одредени уреди го препознаваат звукот. Во тивки средини, овие уреди можат да го препознаат дронот на 150 метри. Но, во реални услови, тие имаат проблеми со прецизноста на препознавањето на дроновите.
    2. Технологија со радио фреквенции – Дроновите комуницираат со оние кои ги управуваат преку радиофреквенции. „Џемерите“ се уреди кои ги попречуваат радиофреквенциите и дронот веќе нема комуникација со оној кој го управува.
    3. „Геофенсинг“ (геоограда) – Оваа технологија е спомната погоре. Практично се поставува виртуелна бариера која го обиколува воздушниот простор околу одреден објект или имот. Технологијата, со помош на ГПС и со помош на радиобранови, го заштитува воздушниот простор со невидлива граница. Некои производители на дронови внесуваат „геофенсинг“ технологија во нивното летало за да ги извести оние кои го управуват дека влегуваат во забранети зони како што се: затворите, електрани, аеродроми, касарни или објекти на владата.
    4. Видео детекција – Се користат камери за детектирање на дронот. Оваа технологија се користи во комбинација со другите за сигурно препознавање на дронот.
    5. Термална детекција – оваа технологија е подобра за пронаоѓањето на управувачите на дронот бидејќи луѓето испуштаат топлина, а таа може да биде препознаена од овие уреди.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img