More

    БЕКТЕШИ БАРА ДА РЕПРЕГОВАРА СО ЕНЕРГЕТСКИ ИНВЕСТИТОР

    spot_img

    Министерството за економија ќе бара враќање на процедурата во владата за една од енергетските стратешки инвестиции бидејќи смета дека треба да се допреговараат некои од деловите од договорот со стратешкиот инвестиотр, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    – Ќе бараме усно и ако треба процедурално, да се врати во владина процедура еден од законите за стратешки инвестиции во енергетиката. За дел од договорите бидејќи не сме вклучени во преговарањето, но имаме забелешки, јас лично и мојот експертски и советнички тим. Бараме да се репреговара со стратешкиот инвеститор за една од инвестициите, бидејќи ние не сме вклучени во тоа. Ќе бараме да бидеме информирани и од тимот кој преговарал со стратешкиот инвеститор – рече Бектеши.

    Тој додаде дека за двете други стратешки инвестиции нема забелешки бидејќи сето она што го дале како забелешка експертите и меѓународните експерти е вградено во договорите.

    Бектеши појасни дека како Министерство не учествувале во преговорите за стратешките инвестиции во енергетиката, бидејќи нив ги договара посебна владина комисија, туку само подготвените закони формално се препратени од Министерството за економија до владата на разгледување.

    Бектеши не сакаше да каже за кој стратешки инвеститор станува збор, но посочи дека тој и неговиот експертски тим утврдиле дека има спорни елементи во договорот.

    – Спорно би било за лиценцирање профитабилни инвестиции да се дава директна помош од владата. Ваквите инвестиции имаат веќе поволности преку договорите за купување на струјата од ЕСМ, што не е спорно што е и државна помош, но спорно е да добиваат уште една директна државна помош – рече Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img