Милошоски вели дека се чувствува нервозата кај ДУИ и СДСМ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Видлива е нервозата кај СДСМ и ДУИ, а Европскиот фронт сѐ повеќе наликува на корумпиран фронт којшто се фрагментира, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

– Околу случувањата внатре во Алијанса јас не би се мешал премногу, тоа е нивна партиска турбуленција којашто самите треба да ја надминат, но она што можам со сигурност да го кажам е дека овие случувања внатре во Алијанса, а со самото тоа и во владата покажува дека паролата европски фронт не е парола на заеднички вредности туку на заеднички интерес. Сега гледаме дека тој европски фронт под притисок на корупција, борба за власт, превласт Артан Груби, Села, Таравари, Ковачевски, Џафери се расцепува полека и почнува секој да си го бара своето место после изборите на коишто знаат дека ќе доживеат пораз. Прегрупирања на политичките партии кои стануваат свесни дека после изборите ќе има нов изборен победник во Македонија – истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека европскиот фронт сѐ повеќе наликува на корумпиран фронт којшто се фрагментира.
– Во изминатите денови во Собранието можевме да забележиме дека собраниското мнозинство многу тешко се собира на едно место, дури и за значајни точки за нив коишто ги предложила владата. Изјавата која што доаѓа од Мендух Тачи доколку не гласаат за министрите тоа значи еден пратеник минус во собраниското мнозинство. Собраниското мнозинство актуелно за изборот на Талат броеше 65 или 66 пратеници, гледаме дека и пратеничката група на Алијанса за Албанците не е кохезивна и таму 2 можеби 3 пратеници се на антивладина страна другите се про ДУИ така што не сум сигурен каков ќе биде исходот од владината иницијатива за разрешување на двајцата министри. Овој европски фронт сѐ повеќе наликува на корумпиран фронт којшто се фрагментира 0 нагласи Милошоски.

Милошоски кажа дека видлива е нервозата кај СДСМ и ДУИ кои стануваат свесни дека ја губат власта и со нивните потези се повеќе ги збунуваат директорите, министрите и симпатизерите на СДСМ и ДУИ.

– Парадокс е што токму Талат Џафери само пред пет дена на Собранието ни ги понуди овие министри дека се најдобри за министри во владата на ДУИ каде што СДСМ е втора виолина и сега после една недела истиот Талат Џафери пратил писмо за разрешување на двајца министри. Немаат што да кажат не само што овде јавноста е збунета, овде симпатизерите на СДСМ и ДУИ се збунети и од прилогот на Артан Груби каде што им пишува на директорите кој да прифати или да не прифаќа оставка или одлука од сегашните министри самите луѓе во ДУИ и во СДСМ и владата министрите се многу нервозни – посочи Милошоски.

Share This Article