„Глобална војна не доаѓа предвид. Ова е во спротивност со здравиот разум, бидејќи таквата војна ќе го доведе човештвото на работ на уништување. Исто така, Русија нема никакви интереси во Полска, Латвија или никаде. Можеме да возвратиме само во еден случај, а тоа е ако дојде до напад врз Русија од, на пример, Полска“.
Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин, во спектакуларното интервју со американскиот конзервативен телевизиски водител Такер Карлсон.
Интервјуто со Путин, прво по руската инвазија на Украина, е објавено на веб-страницата на Карлсон и го пренесуваат многу медиуми во светот.
„Порано или подоцна Русија и Украина ќе се договорат. Јас лично сакам оваа ситуација да се реши со преговори. Русија сѐ уште не ги постигнала целите поставени со оваа специјална воена операција. Западот почна да сфаќа дека е невозможно стратешки да се победи Русија. Сега е време да размислите како и што понатаму. Подготвени сме за дијалог“, рече Путин и нагласи дека неговата земја и покрај сите санкции со кои се соочи, „стана најсилната европска економија во 2023 година, а петта во светот“. Путин се осврна и на Соединетите држави и додаде дека верува во обновување на комуникацијата.