More

    Финска го продолжи затворањето на контролните пунктови до април

    spot_img

    Контролните пунктови долж границата меѓу Финска и Русија остануваат затворени до 14 април, соопшти финското Министерство за внатрешни работи.

    Кон крајот на минатата година, Финска ја затвори својата источна граница со Русија поради зголемените пристигнувања на мигранти од земји како Сирија и Сомалија. Хелсинки ја обвинува Москва дека намерно ги насочува мигрантите кон границата, тврдење што Кремљ категорично го негира.

    Финските власти имаат докази кои посочуваат дека повеќе мигранти ќе пристигнат од Русија доколку владата го укине затворањето на границите, соопшти денеска финското Министерство за внатрешни работи.

    – Блиску до границата, на руска страна, има стотици, можеби дури и илјадници мигранти кои чекаат можност да го продолжат својот пат кон Финска – рече министерката за внатрешни работи Мари Рантанен.

    Според финските гранични власти, вкупно 1.323 баратели на азил пристигнале во Финска од Русија помеѓу август и декември 2023 година. Во јануари, имиграциските власти во Финска соопштија дека не биле во можност да лоцираат 160 од мигрантите и дека најверојатно тие продолжиле кон друга европска држава.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img