Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 случаи од почетокот на годината, потврди за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.
Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје.
Во земјава има хоспитализирани деца, но и возрасни со голема кашлица.
Надлежните сепак велат дека состојбата во Македонија е стабилна и за разлика од другите држави во регионот, нема смртни случаи.