More

    Маскирани полицајци на словенечката специјална полиција за време на настава упаднаа во основно училиште во Логач, место меѓу Љубљана и Постојна Јама, и уапсија наставничка

    spot_img

    Маскирани полицајци на словенечката специјална полиција за време на настава упаднаа во основно училиште во Логач, место меѓу Љубљана и Постојна Јама, и уапсија наставничка.

    Апсењето е извршено во рамки на голема криминална акција против забранети супстанци, односно дрога, јави Радиотелевизија Словенија.

    Полицијата соопшти дека апсењето го извршила претпазливо и дека наставничката не била уапсена пред очите на учениците.

    Директорката на училиштето рече дека нема никаква врска со апсењето.

    Апсењето на наставничката е резултат на големата криминална акција што беше спроведена минатата недела, кога беше разбиена меѓународна организирана криминална група осомничена за нелегално производство и трговија со дрога.

    Шестмината осомничени потоа биле изведени пред истражен судија кој по сослушувањето на сите им одредил приведување, соопшти тогаш полициската управа Марибор.

    Засега не се знае каква улога во групата имала наставничката, седмиот уапсен во акцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img