Македонците во дијаспората ги мачи криминалот, корупцијата и лошите услови во Македонија, заедно ќе ги поразиме СДСМ и ДУИ, изјави Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за ТВ Алфа.
Во продолжение интервјуто за ТВ Алфа:
Господине Николоски, кои се главните пораки кои беа испратени од трибината во Лозана?
Николоски: Како што кажавте, имаме еден интензивен викенд на средби со сите оние кои што сакаат да не сретнат да поразговараме. Имавме средби со претставниците на задграничните комитети од повеќе држави на кои што поразговаравме организациски во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори. Потоа бевме во Лозана каде што поразговаравме со нашите луѓе таму. Проблемите кои што ги мачат се истите оние кои што се и дома, затоа што нашите луѓе тука често доаѓаат дома, поминуваат дел од своето време во Македонија и ги гледаат проблемите на секојдневна основа.
Така што, без разлика дали зборуваме за високото ниво на криминал и корупција кое што владее во Македонија или лошата состојба во економијата, состојбите во образованието кои што се далеку од добри, дрогата која што царува на македонските улици помеѓу македонските деца, затоа што е нешто што ги загрижува и нашите луѓе, тука во Швајцарија. Така што маките се исти, дилемите се исти, проблемите се исти, решенијата се битни. А, ние презентиравме дел од нашите гледишта кои што ќе бидат дел од нашата програма во следниот период, а се надевам после осми мај и дел од работата на владата.
Не смееме да дозволиме повеќе Македонија да е држава во која економијата тоне, а корупцијата цвета. Мора да направиме една убава успешна приказна пред се со директен удар на корупцијата со воспоставување на функционален систем на владеење на правото и со кревање на економијата за да можеме да имаме еден попристоен живот, да бидат луѓето горди што се Македонци, што потекнуваат од Македонија и да има една економска благосостојба да сите имаат еден подобар живот.
Така што тоа е она што го видовме тука исто како што кажав целосно се поклопува со нашите гледишта дома, имаме доста планови споменавме за едно координативно тело кое мислиме дека треба да се формира од новата Влада на Македонија во која би влегле Министерот за внатрешни работи, Министерот за труд и социјала, Министерот за надворешни работи како координатор, понатака Министерот за здравство, Министерот за образование со цел на едно место да се даваат одговори на сите прашања кои ги имаат нашите луѓе од дијаспората, дали се работи за испраќање на учители по македонски јазик, користење на пензиите, право на здравствена заштита, издавање на лични документи со кои оваа ненародна власт целосно потфрли, сето тоа да се решава на едно место и последно што морам да го кажам е што тука гледаме на дело како изгледа двојното понижување на Македонецот, Заев и Димитров го понижија со потпишувањето на срамниот Преспански договор кога се промени името на Македонија и сега втор пат го понижуваат со тоа што мора да вадат нови пасоши со новото понижувачко име, во услови кога имаат важечки документи.
Значи ние практично си ги отфрламе нашите луѓе им велиме не може да се вратите дома во Македонија затоа што немате важечки документи со новото понижувачко име на државата. Тоа е двојно понижување кое СДСМ му го направи на македонскиот народ и против кое ќе се бориме против 8-ми мај.
После средбите во Женева и Лозана имавте средба и во Тринген, какви беа таму пораките, што порача дијаспората и на што се базираа најмногу разговорите?
Николоски: Македонската заедница е добро организирана исто така и во црковниот живот има добар и силен црковен живот, Македонците се организирани околу Македонската православна црква, посетуваат македонски храмови и тоа е нешто што постои како традиција, на што сме горди. Мора да продолжиме да го негуваме, секако со поддршка од дома, тука да апелирам до МПЦ да се што поприсутни помеѓу верниците во дијаспората и заеднички да ги градиме новите патриотски политики на Македонија.
Така што една општа позитивна атмосфера, јас се надевам дека сите оние кои што ќе сакаат велигденските празници да ги поминат дома, нели Велигден оваа година е на 5 мај, ќе го искористат тоа да останат барем уште три дена во Македонија, да може да гласаат за нов претседател и за нов премиер на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.