More

    Не дозволувајте девојките сами да одат на училиште!

    spot_img

    Директорот на женското католичкото училиште во германскиот град Регенсбург испрати шокантно писмо до родителите, предупредувајќи ги да не ги пуштаат девојчињата сами на училиште.

    Писмото ги шокирало родителите, но директорот и портпаролката на полицијата сметаат дека тоа е оправдано, по пријавите за можно силување.

    – Локалниот парк и просторот на железничката станица се жариште на криминал и во текот на денот и покрај зголеменото присуство на полицијата и безбедносните служби. Учениците да користат само добро осветлени патеки и да не одат сами на училиште – пишува меѓу другото во писмото директорот на училиштето.

     

    Корин Вајлдтиер, портпаролка на епархијата во Регенсбург, чија фондација го поддржува женското училиште Сент Мариен, рече дека писмото на никаков начин немало намера да предизвика несигурност меѓу родителите и учениците.

    – Регенсбург не е место на злосторства. Но, училиштето сакаше да ја подигне свеста за вниманието што им се посветува на децата – рече портпаролката.

    – Тоа беше превентивно писмо. За 17 години колку што сум директор, ништо не се случило. Но, безбедноста е секогаш проблем на училиште, не само сега – изјавил директорот на училиштето Ханс Линднер за „Mittelbaierische Zeitung“.

    Повод за предупредувањето биле две наводни силувања околу железничката станица во Регенсбург, во близина на која се наоѓа училиштето. Меѓутоа, во инцидентот за кој се вели дека се случил во локалниот парк во јануари, полицијата соопшти дека жената наводно дала лажни информации во пријавата. Двајца Тунижани (20 и 22 години), кои се во притвор, се обвинети за едно силување.

    Во 2023 година, имаше значително зголемување на случаите, меѓу другото, на сексуални престапи и физички повреди во Банхофсвиертел.

    Во 2022 година околу Главната станица се регистрирани 748 кривични дела, а во 2018 година 875. – Бројките за оваа 2023 година на подрачјето на станицата ќе ги надминат бројките од претходните години, вели портпаролката на полицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img