Човекот кој спречи Илон Маск да стане најбогат меѓу богатите во светот е поранешен тапанар на треш-метал бенд. Ричард Торнета работел во компанија која произведува аудио делови за автомобили и моментално работи во маркетинг, пишува „Волстрит Џурнал“. Тој уште во 2018 година ја тужел компанијата „Тесла“ тврдејќи дека членовите на одборот ги заведувале инвеститорите по налог на извршниот директор кога решиле да му доделат на Маск неверојатни 55,8 милијарди долари како компензација.
Најинтересното? Според Ал Џезира во 2018 година, Торнета имал само девет акции во компанијата, а тие акции денес вредат не повеќе од 1.700 долари. Оттгаш тој е по судовите во градот Делавер. Како поминувало времето, со пандемијата од ковид-19, случајот бил одложуван.
„Дали најбогатиот човек на светот бил преплатен?“, гласи воведниот текст на тужбата на Торнета во Канцеларискиот суд во Делавер.
Понатаму во текстот се вели:
„Тоа го вели акционерскиот тужител во оваа тужба за деривати. Тој тврди дека директорите на ‘Тесла’ ги прекршиле своите доверителски должности со тоа што му доделиле на Елон Маск план за компензација на капитал заснован на перформансите“.
Пред неколку дена стигна пресудата. Судијката Мек Кормик се согласи дека преговорите за компензација и последователното гласање на акционерите се „длабоко погрешни“ и дека затоа овој договор за трансфер на пари кон Илон Маск треба да се укине. Договорот бил чуден договор за плата.
Истовремено, „Тесла“ ќе треба да ги обештети адвокатите на Торнета.
Инаку, каков метал бенд имал Торнета? Треш-метал (ѓубре-метал) по име „Forked Tongue“. Групата го издала единствениот албум „Dead Hand Control“, но набрзо членовите го напуштиле проектот бидејќи имале уште побитен проект – тужење на еден од најбогатите луѓе на планетата.
Еве како звучела групата на Торнета: