Интернет страницата Ервижуал утрово пред 10 часот го пласира Скопје на третото место во светот, како град во кој се дише најзагаден воздух во светот. Со индекс од 231 единица Сараево е градот со најзагаден воздух. Еден час порано таа загаденост изесуваше 211, колку што во исто време индексот на загаденост беше измерен во Битола – 211.
Искачувањето на Скопје на листата на Ервижувал на 100 големи или главни градови, започна уште прексиноќа и постојано е меѓу десетте градови според лошиот квалитет на воздухот, дефиниран како нездрав. Во Битола и Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина воздухот е дефиниран како многу нездрав.
Waqi.info, како што се гледа од илустрацијата, воздухот и во Струмица го дефинира како многу нездрав. Нездрав е воздухот и во Тетово, Кичево и Кавадарци.
Според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време, Скопје утринава повторно се најде на врвот на листата на најзагадените градови во светот, и се најде на петтото место. Со индекс на квалитетот на воздух од 166, аерозагадувањето во Скопје во моментов е во категоријата „штетно за здравјето“. На врвот на листата утринава се најде главниот град на БиХ, Сараево со индекс на квалитет на воздухот од 215.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вчера информираше дека во Скопје е надминат прагот дозволени ПМ10 честички во воздухот и дека стапија во сила препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање.
Министерството не соопштува и не ги мери ПМ2,5 честичките чија концентрација е поголема во споредба со ПМ10 честичките. Истите мерки деновиве беа укинати за Кичево откако три дена во сила беа мерките поради висока концентрација на ПМ10 честичките.